Шест нови дестинации веќе потврдени
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави значителен развој во авиосообраќајот, со потврдени шест нови авиолинии и уште четири во план.
„Од Скопје ќе се лета директно за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт. Од Охрид ќе има летови за Базел и Истанбул. Веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и Торонто за Охрид,“ изјави Николоски.
Четири дополнителни линии и прекуокеански летови
Покрај потврдените линии, Николоски најави и нови дестинации:
Скопје – Амстердам.
Скопје – Париз, со слетување на аеродромот „Орли“, кој е најблиску до центарот.
„Катар Ерлајнс“ планира нова линија.
Се работи на воведување на прекуокеански летови од Скопје, што ќе го направи третиот главен град на Балканот со таква можност, покрај Истанбул и Белград.

