ТАЖНАТА ВЕСТ БРЗО СЕ ПРОШИРИ УТРОВО
ПОЧИНА МЛАДИОТ ИЛИЈА
На 37-годишна возраст почина познатиот бодибилдер Илија Јефимчук, објавија многу светски медиуми кои го следат овој спорт.
Се уште не е позната причината за смртта на легендарниот чешки ас.
Во јавноста е многу попознат како Илија Голем и „Мутант“. Покрај бодибилдинг, тој беше активен и како инфлуенсер задолжен за фитнес теми.
Илија бил висок 185 сантиметри и тежок речиси 160 килограми, а за време на едно интервју објаснил зошто го одбрал бодибилдингот:
– Сакав да имам гради и бицепс како Арнолд Шварценегер – изјави тогаш Јефимчук.
Курир спорт