ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Младиот Лука 26 години денеска беше погребан, неговата смрт е сеуште МИСТЕРИЈА – потресни сцени на гробиштата во Орловоча

0
1527

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Младиот Лука 26 години денеска беше погребан, неговата смрт е сеуште МИСТЕРИЈА

Во присуство на голем број членови на семејството, пријатели и познаници денеска беше погребан ЛУКА Вуксановиќ (26) кој под мистериозни околности загина во сообраќајна несреќа на пат кон Младеновац на кривината за Сопот.

Погребот беше извршен во Орловача, а шокантните сцени на гробиштата не оставија никого рамнодушен. Во бел ковчег и придружуван од голем број луѓе Лука Вуксановиќ е испратен во вечното почивање.

Семејството и пријателите се собраа на гробиштата за да се збогуваат со нивниот Лука. Некои од нив носеа црни маици на кои пишуваше датумот на раѓање и смртта на Лука Вуксановиќ, како и „Терам фазон“.

Младиот човек до вечниот одмор го придружуваа трубачите и песната „Недеља“ што свиреше низ гробиштата во Орловача.

Телото на белграѓанецот било пронајдено во понеделникот на 2 септември, кога семејството решило да организира претрес во кој покрај семејството и пријателите на Лука биле вклучени и голем број луѓе.

Инаку, како што пишувавме претходно, се сомнева дека до несреќата на кривината кон Сопот дошло поради несоодветна брзина. Осум дена подоцна, телото на Вуксановиќ е пронајдено во грмушките, лоцирани на само 100 метри од местото на несреќата, а телото го пронашол припадник на полицијата, по што веднаш било испратено на обдукција и ДНК анализа за да се отстранат сите сомнеж за идентитетот, како и причината за смртта.

Иако семејството чекало до последен момент да стигнат резултатите од ДНК анализата, на крајот се испоставило дека се работи за младиот Лука, а таа вест уште повеќе ги разочара, по што следеле подготовки за организација на самиот погреб.

(курир)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here