СТРАШНИ СЦЕНИ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА:
Автомобилот целосно смачкан – ова се двете лица кои загинаа вечерва во сообраќајна несреќа во Македонија
Тургај Ризванче и Бекир Хоп се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, пред ресторанот Натира, објави порталот Гостивар Сот.
Возачот на возилото марка БМВ Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.
Со телесни повреди се здобил возачот на камионот, косовски државјанин со иницијали А.Т.
Сообраќајката во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Керчово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистерски ознаки на Демир Капија управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и камион трактор „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(60) од Косово.
Вештачење на местото на настанот извршила екипа на гостиварската полиција заедно со Јавен обвинител, а интервенирала и противпожарна и Брза помош. Автопатот остана блокиран додека траеше вештачењето на терен.